Дома Македонски спорт Ристовски: Не е логички што играме попладне, но како за нив така за нас

Ристовски: Не е логички што играме попладне, но како за нив така за нас

Заменик капитенот на репрезентацијата на Македонија, Стефан Ристовски не ја прифаќа улогата на фаворит пред стартот на новата сезона во Лигата на Нации каде што Македонија сега игра во Ц-дивизијата.

Во сабота играме против Ерменија во Скопје, а потоа на 8-ми септември гостуваме во Грузија. За овие два натпревари прашање е во каква форма се репрезентативците поради долгата пауза и поради коронавирусот.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Не се ставаме во улогата на фаворити затоа што коронава ни ги поремети брзините. Помина долг период, ова е прв меч, играме попладне и тоа не е логички, но…Како за нив, така и за нас. Ќе одиме чекор по чекор. Прво мислиме  на Ерменија, па на Грузија, јас не би се ставил во улогата на фаворит. Како и да е и ние треба да сме спремни“.

„Треба малку време да се рестартиме, како да тргнеме од почеток, да се потсетиме на некои стари идеи и анализи. Подолго време изостанавме на репрезентативен план и сега треба да се стабилизираме“, изјави Ристовски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Вардар го совлада Охрид за „три од три“ во плејофот на Суперлигата

Ракометарите на Вардар забележаа значајна победа против тимот на Охрид во рамките на плејо…