Дома Фудбал Покрај Димитриевски за Ерменија и Грузија отпадна уште еден играч

Покрај Димитриевски за Ерменија и Грузија отпадна уште еден играч

Освен Столе Димитриевски селекторот Игор Ангеловски дефинитивно за средбите со Ерменија и Грузија не ќе може да смета и на уште еден фудбалер.

Даниел Аврамовски кој неодамна потпиша за Кајсериспор нема да биде во комбинација за настап поради повреда. Аврамовски и претходно беше под знак прашалник, а од ФФМ соопштија дека и дефинитивно нема да биде во комбинација за настап.

“Аврамовски и пред почетокот на подготовките беше под знак прашалник за настап, а сериозноста на повредата е причина што фудбалерот на турски Кајсериспор нема да може да биде во комбинација за настап на двата натпревари од Лига на нации против Ерменија и Грузија“, објавија од ФФМ.

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул следи дефанзивец од 100 милиони евра, но неговиот сон е Реал

Лука Вушковиќ е на списокот на Ливерпул за следното лето. Брајтон го има под договор до 20…