Дома Фудбал Лига на шампиони: Адеми и Динамо против Ференцварош

Лига на шампиони: Адеми и Динамо против Ференцварош

Точно на пладне се одржа жрепката за третото коло од квалификациите за пласман во Лигата на шампионите.

Динамо Загреб каде настапува нашиот репрезентативец Аријан Адеми ќе му гостува на шампионот на Унгарија, Ференцварош.

Белградска Црвена Звезда ќе гостува во Никозија и ќе се соочи со Омонија, Митјиланд е домаќин на Јанг Бојс, а во останатите два меча за место во следната рунда ќе се борат Карабах – Молде и Макаби Тел Авив – Динамо Брест.

Во квалификациите за настап во шампионската лига во која се натпреваруваат тимовите од земјите со повисок рејтинг, ПАОК за противник ја доби Бенфика, киевски Динамо ќе игра против АЗ Алклмар, а Гент ќе се сретне со Рапид Виена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Две победи не ги сокрија слабостите: Леко допрва треба да го среди Динамо

Џерко Леко донесе енергија и резултати, но триумфот во Вараждин покажа дека Динамо сè уште…