Трите македонски клуба кои се дел од второто квалификациско коло од Лига Европа ги добија своите противници.
Ренова во оваа фаза од натпреварувањето ќе биде домаќин на сплитски Хајдук додека фудбалерите на Шкендија и во втората рунда ќе играат на теренот на противникот, овој пат против романски Ботошани.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Силекс кој беше елиминиран во првото квалификациско коло во Лигата на шампионите, автоматски беше сместен во втората рунда во која ќе се соочи на домашен терен со косовската Дрита.
Квалификации за ЛЕ:
Ренова – Хајдук
Ботошани – Шкендија
Силекс – Дрита
Од поинтересните дуели во ова коло ги издвојуваме гостувањето на Тотенхем во Пловдив против Локомотив, додека Милан ќе му гостува на Шамрок Роверс.
Натпреварите се играат на 17. септември.