Артуро Видал, кој е на излезна врата од Барселона, ја критикуваше целосната ситуација во клубот.
Видал смета дека многу работи не функционираат во каталонскиот клуб и дека му се потребни промени на сите нивоа.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Во клубот проблемот не е само во играчите, јасно е дека работите не одат на повисоките нивоа. Клубот мора да се подобри. Не е лесно да се сменат некои работи. Барселона мора да го смени начинот на размислување, мора да разбере дека фудбалот еволуираше“.
„ДНК на Барселона веќе заостанува зад другите тимови. Физичкиот аспект во фудбалот сега е многу повеќе застапен, потребни се сила и брзина, техниката често е во втор план. Не може Барселона во тимот да има 13 професионални играчи, а другите да бидат јуниори“.
„Не затоа што јуниорите тоа не го заслужуваат, туку затоа што во секој тим треба да постои конкуренција, играчите треба да се борат за место во првите 11. Играчите не треба да бидат сигурни дека се недопирливи“,изјави Видал.