Дома Трансфер зона „Росонерите“ слават: Најголемиот италијански талент доаѓа во Милан

„Росонерите“ слават: Најголемиот италијански талент доаѓа во Милан

Милан победи во трката за потписот на големиот италијански талент, Сандро Тонали пренесува „Скај Италија“.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Тонали беше најблиску до Интер, но „росонерите“ успеаа да го „украдат“ играчот пред носот на градскиот ривал.

Двата клуба синоќа се договорија за трансфер кој ќе биде тежок 38 милиони евра.

Милан понудил 10 милиони евра за едногодишна позајмца плус 25 милиони евра за откуп и 3 милиони евра бонуси, а Бреша ја прифатила понудата.

Тонали во моментов е со италијанската репрезентација, но се очекува следните денови да пристигне во Милано за да стави потпис на договорот.

20-годишниот играч за врска важи за еден од најголемите италијански таленти, па сигурно ќе биде големо засилување за „росонерите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…