Од Баерн Минхен потврдија дека Тиаго Алкантара ќе го напушти клубот, а неговата следна дестинација готово сигурно ќе биде Премиер лигата.
Веќе подолго време се пишува дека Шпанецот има договор со Ливерпул и од следната сезона ќе игра на „Енфилд“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа, „црвените“ се уште не оствариле контакт со Баерн Минхен и сметаат дека бараната сума од 30 милиони евра е голема за играч кој ќе биде слободен агент за 10 месеци.
Таквата ситуација сака да ја искористи Манчестер Јунајтед и да го „украде“ Алкантара пред носот на големиот ривал.
„Црвените ѓаволи“ се спремни веднаш да ги платат бараните 30 милиони евра, па сега ќе се обидат да го убедат Алкантара да се пресели на „Олд Трафорд“.
Алкантара предност сепак му дава на Ливерпул и побарал една недела за да донесе конечна одлука, бидејќи понудата на Јунајтед е финансиски одлична.