Антонио Конте е во потрага по засилување за Интер за наредната сезона, а денес италијанските меидуми пишуваат дека желба на Италијанецот Н’голо Канте од Челзи.
Италијанците пишуваат дека иднината на Канте во Челзи е неизвесна па може да биде продаден. Конте според информациите е воодушевен од квалитетите на Французинот кој одлично го познава затоа што двајцата соработуваа на „Стенфорд Бриџ“.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Газета дело Спорт“ пренесува дека Канте е примарна цел на Интер и поради тоа „нероаѕурите“ се откажале од Тонали.
Се шпекулира дека Челзи би го продал ова лето, но за неговата слобода бара 70 милиони евра.
Интер е спремен да понуди 60 милиони евра за Французинот, а за таа цел е спремен да го „жртвува“ Брозовиќ.