Македонскиот автомобилист Игор Стефановски Иџе не ја заврши првата трка во Имола на патеката „Енцо и Дино Ферари“ во рамките од ТЦР Италија.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Иџе стартуваше од шестата позиција и започна агресивно. Таквото возење му донесе напредок од три позиции меѓутоа во шестиот круг излета од патеката.
Агресивното возење Иџе можеби го чинеше подим во Имола каде што еднаш во кариерата оствари победа и тоа во 2016 година.
Утре на распоред е втората трка, а бидејќи Иџе денес не ја заврши на таа трка ќе стартува од последната, 23-та позиција.