Дома Македонски спорт Мак фудбал Ренова се засили со поранешен член на Тотенхем и најдобар стрелец на СП до 17 години

Ренова се засили со поранешен член на Тотенхем и најдобар стрелец на СП до 17 години

Eкипата на Ренова после победата против Алашкерт и пласманот во второто коло од квалификациите за Лига Европа промовира сериозно разсилување.

За Ренова потпиша Сујлеман Кулибали кој има 25 години. Кулибали е напаѓач кој доаѓа од Брегот на Слоновата Коска. Тој блескаше на Светското првенство до 17 години во 2011 година кога постигна 14 голови на 9 натпревари и беше најдобар стрелец на турнирот.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Таквиот настап му донесе трансфер во Тотенхем и таму играше одлично за младинскиот тим, додека за сениорите настапи само на еден пријателски натпревар.

По епизодата во Тотенхем следуваа позајмици во клубови како Бари, Гросето, Постоезе, Питербор, Климрнок, Ал Ахли и Партик. Во Ренова доаѓа од редовите на Етоли Сахтел од Тунис каде што помина една сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…