Дома Фудбал Карагер: Зошто Сити да биде непобедлив со Меси? Барса не ја освоила ЛШ со години

Карагер: Зошто Сити да биде непобедлив со Меси? Барса не ја освоила ЛШ со години

Од вторникот на големо се пишува дека Лионел Меси ќе ја напушти Барселона. Веднаш се појавија шпекулации за неговата наредна дестинација и како фаворит за неговиот потпис во овој момент изгледа Манчестер Сити.

Пеп Гвардиола го водеше Меси во Барселона и неколку пати јавно кажа дека би сакал да го има Аргентинецот и во Сити, а во овој момент изгледа дека и Меси е отворен за таква опција. Таквиот развој на настаните е сосема логичен за легендата на Ливерпул и сегашен аналитичар на „Скај Спорт“, Џејми Карагер.

„Би сакал да го видам Меси во Премиер лигата. Единствениот тим каде што би можел да игра во Англија е Манчестер Сити поради Гвардиола и финансиската моќ која ја има клубот. Меси со Сити би бил силен, но сигурно нема да биде непобедлив. Барселона не ја освоила Лигата на шампионите со години“, изјави Карагер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пројковска на европска задача: во Лондон ќе го води дуелот Арсенал – Бенфика

Ивана Пројковска е назначена за главна судијка на средбата од третото коло во женската Лиг…