Интер е во потрага по нови засилувања кој ќе придонесат за дополнителен квалитет и дополнителна длабочна во ростерот за борба на повеќе фронтови.
Од Италија пристигнуваат вести дека ИНтер постигнал договор со Кристал Палас за трансфер на напаѓачот Александар Сорлот, Норвежанецот кој минатата сезона играше одлично во турски Трабзонспор.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Сорлот минатата сезона запиша 34 настапи во турската Супер лига и постигна 24 гола со што ја освои титулата најдобар стрелец. Тоа беше доволно за Интер да тргне по неговите услуги. „Раи Радио 2“ тврди дека договорот со Палас е постигнат.
Тој никогаш не стигна да ги убеди челниците на Кристал Палас (20 настапи, еден гол) во своите квалитети, а кога конечно блесна Интер тргна по него.
Инаку Палас Сорлот го доведе во јануари 2018 година од дански Мидиланд за девет милиони евра.