Oткако во вторникот Лионел Меси побара заминување од Барселона низ фудбалскиот свет се појавија разни шпекулации каде би можел Аргентинецот да ја продолжи кариерата.
Во овој момент изгледа како најблиску до неговиот потпис да е Манчестер Сити, но се споменуваат уште Интер и ПСЖ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поголемиот дел од клубовите не можат да си го дозволат Меси таков е и Барнли. Сепак менаџерот на овој клуб Шон Дајс одлучи да се пошегува на актуелната тема.
„Одлично. Меси е потврден. Знаев дека ќе дојде. Простете што тоа го кажав пред сите вас“, се пошегува Дајс пред новинарите.
Forget Manchester City!
— Match of the Day (@BBCMOTD) August 28, 2020
Lionel Messi is heading to @BurnleyOfficial… maybe. ???#bbcfootball pic.twitter.com/S54dT2MTvC