Дома Македонски спорт Мак фудбал Шкендија и Ренова во следно коло, Шкупи се збогува со Европа?

Шкендија и Ренова во следно коло, Шкупи се збогува со Европа?

Денес три македонските претставници играа квалификации во Лига Европа, а два претставника обезбедија пласман во следното коло.

Најголемиот подвиг го направи Ренова која славеше во Ереван над Алашкерт со 0:1. Голот за победа беше дело на Мишковски во 58-та минута, откако одлично се снајде во казнеиот простор после еден корнер.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Шкендија запиша убедлива победа против Самгајт со 2:0. Клубот од Тетово доминираше уште од самиот старт, но во првото полувреме мрежите мируваа.

Во вториот дел Ибраими во 56-та минута го отвори резултатот и најави победа на Шкендија. Победата ја потврди Дориев во 89-та минута.

Шкупи го заврши настапот во Лига Европа откако беше поразен на од Нефчи во Азербејџан со 2:1. Тимот од Чаир има за што да жали бидејќи промаши неколку доби шанси при резултат 0:0.

Нефчи поведе во 67-та минута, а неколку минути подоцна Шкупи остана без Умар, кој доби црвен картон. Веднаш потоа Кривотсјук зголеми на 2:0, а почесниот гол за Шкупи го постигна  Дембо Дарбо во третата минута од судиското надполнување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Македонија со пораз од Естонија го почна настапот во Европската златна лига

Македонските одбојкари со 3-1 во сетови беа поразени од Естонија во првиот меч од Европска…