Дома Фудбал Играчот со најмногу настапи во историјата на Премиер лигата објави крај на кариерата

Играчот со најмногу настапи во историјата на Премиер лигата објави крај на кариерата

Легендарниот играч за врска кажа крај.

После 23 години, 833 настапи и 67 голови во сениорскиот фудбал, Герет Бери (39) одлучи да стави крај на неговата кариера.

Првите 12 години од својата кариера Бери ги помина во Астон Вила пред да се пресели во Манчестер Сити во трансфер вреден околу 15 милиони евра. Со овој клуб ја освои титулата во ФА Купот и Премиер лигата.

Потоа четири години помина во Евертон за во 2017 година да потпише за ВБА каде и што ја заврши кариерата.

Запиша 653 настапи во Премиер лигата што е рекорд во елитниот англиски шампионат. Последниот натпревар во кариерата го одигра во март во во тековната година во поразот на ВБА од Њукасл (2:3) во ФА Купот.

За репрезентацијата на Англија запиша 53 настапи и постигна три гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ОФИ Крит со два гола го урна Хапоел Беер во Лига Европа

Пунгурас погоди пред паузата, а Фунтас ја потврди победата од 2-0 за ОФИ Крит, иако Хапоел…