Дома Фудбал Италија Малдини: Нема да има големи трансфери, оптимисти дека Ибра ќе остане

Малдини: Нема да има големи трансфери, оптимисти дека Ибра ќе остане

Милан денес ги започна припремите за новата сезона, а челните луѓе на клубот, Паоло Малдини и Иван Газидис одржаа пресконференција.

Малдини меѓу другото зборуваше и за трансфер пазарот, па искрено им порача на навивачите да не очекуваат големи засилувања.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Минатата година дојдоа неколку фудбалери и направивме база за добар тим кој ќе треба да биде уште подобар оваа година. Сигурно ќе донесеме нови засилувања, но не сакам да ги залажувам навивачите, Милан нема да прави големи трансфери како некогаш“, изјави Малдини, а потоа проговори за Ибрахимовиќ.

„Преговорите со Ибрахимовиќ се во тек, се надеваме дека набрзо ќе има договор. Оптимисти сме, но сепак мора да имаме план Б и план Ц. Сепак, Ибра знае дека тој е нашиот приоритет и се надеваме дека ќе биде тука и следната сезона“.

„Што се однесува до Бакајоко во моментов постојат преговори со Челзи. Добро го познаваме, го цениме и сакаме да го донесеме. Треба да се договориме со Челзи за формулата на трансферот“, откри Малдини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Левандовски испиша историја📷

Барселона има водство по првото полувреме против Брест во Лигата на шампиони, а стрелец на…