Дома Фудбал Куман им се јавил на четири ѕвезди да им каже да ги пакуваат куферите

Куман им се јавил на четири ѕвезди да им каже да ги пакуваат куферите

Новиот тренер на Барселона, Роналд Куман веќе сериозно планира реконструкција на тимот на Каталонците.

Холанѓанецот веќе имал разговор со четворица фудбалери за да им соопшти дека нема да смета на нив во следната сезона и слободно можат да си бараат нови клубови.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Уште вчера стана јасно дека еден од нив е Луис Суарез, а деталите од разговорот може да ги видете ОВДЕ.

Другите тројца се Артуро Видал , Иван Ракитиќ и Самуел Умтити. Ако не успеат да најдат нови клубови, Барселона е спремна спогодбено да ги раскине договорите.

Жерер Пике, Жорди Алба и Серхио Бускетс за кои медиумите шпекулираа дека исто така ќе заминат, сигурно ќе останат во тимот. Куман смета дека тие се важни како на теренот, така и во соблекувалната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ибра е страшен: На 45 години тренира како ѕвер (Видео)

Златан Ибрахимовиќ и на 45 години продолжува да фасцинира со својот неверојатен физички из…