Дома Фудбал Им „наместиле“ позитивни тестови на коронавирус за да ги елиминираат од ЛШ?!

Им „наместиле“ позитивни тестови на коронавирус за да ги елиминираат од ЛШ?!

Тимот на Слован Братислава беше исфрлен од Лигата на шампионите откако неколку играчи на овој тим беа позитивни на коронавирус на тестирањето на Фарски острови каде што требаше да се игра натпреварот против Клаксвик.

По враќањето дома Словаците веднаш направија нови тестови и сите биле негативни.

Со тие тестови тие сметаат дека потврден е новиот начин на „местење“, односно сметаат дека им бил подметнати позитивни тестови за да бидат елиминирани.

„Властите во Фарски Острови намерно не дозволија натпреварот да се одигра. Ги испративме нашите аргументи и повторни тестови до УЕФА. Се надеваме дека ќе бидеме заштитени од оваа измава“, порачаа од Слован.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Андора прва на патот на фудбалерките кон повисок ранг во Лигата на нации

Македонските фудбалерки ќе го отворат циклусот во март 2027 со два домашни дуела. Во група…