Фудбалерите на Шкупи се искачија на првото место во ПМФЛ откако попладнево славеа во Струмица против Беласица со 2:0.
Херој за гостите од Чаир беше Гамбиецот Дембо Дарбое кој ги постигна двата гола и тоа во последните моменти од мечот.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Тој прво во 89-та минута постигна гол од пенал за водство на Шкупи, за во 92-та минута да стави печат на натпреварот.
По три натпревари, Шкупи има две победи и едно реми и е на првото место на табелата со 7 бода на табелата.