Дома Фудбал Останато Конте: Ќе биде тешко, но сакаме да покажеме дека сме најдобри

Конте: Ќе биде тешко, но сакаме да покажеме дека сме најдобри

Тренерот на Интер, Антонио Конте знае дека неговиот тим го чека тешка задача против Севиља во финалето од Лига Европа.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Утре „нероаѕурите“ ќе играат против шпанскиот клуб во битка за трофејот, а Конте признава дека го очекува тежок меч.

„Ќе биде тежок меч, играме против тим со најголемо искуство во овој турнир. Треба да бидеме внимателни, но да ја играме нашата игра како што правевме до сега. Ова е финале и треба да покажеме на терен дека сме најдобри и да го подигнеме трофејот“, истакна Конте.

„Треба да играме со желба за победа и да го однесеме трофејот во Италија. Севиља исто така ја има истата идеја, треба да покажеме дека сме подобри“, додаде Конте.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Mурињо му поставил услов на Реал Мадрид: Го сака она што го немаа ниту Алонсо, ниту Арбелоа!

Жозе Мурињо и натаму е сериозна опција за Реал Мадрид, сепак, иако е спремен веднаш да се …