Манчестер Јунајтед категорично ги одби условите на Борусија Дортмунд да плати 120 милиони евра за Џејдон Санчо.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Тоа го гарантира и Џон Глејзер, еден од сопствениците на клубот од „Олд Трафорд“.
Германскиот клуб одби да ја намали цената и тврди дека Санчо сигурно останува бидејќи „црвените ѓаволи“ го испуштија крајниот рок.
Глејзер ги информирал раководните лица на Манчестер Јунајтед во никаков случај да не ги исполнуваат условите на Борусија Дортмунд во однос на цената на фудбалерот.
Во моментов Санчо е на подготовки со Борусија Дортмунд, а нема знаци дека во наредните недели можат да се обноват договорите за негов трансфер.