Дома Трансфер зона Пепе Реина после 15 години се враќа во Шпанија

Пепе Реина после 15 години се враќа во Шпанија

Шпанскиот ветеран Пепе Реина (37) одново ќе го промени клубот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Како што денес објавија италијанските медиуми поранешниот репрезентативец на „Фуријата“ има договор со Валенсија и е пред враќање во татковината после цели 15 години.

Реина вториот дел од сезоната го помина на позајмица во Астон Вила и така значајно придонесе славниот клуб да го сочува статусот на премиерлигаш. Неговото враќање во Милано ќе биде само привремено бидејќи седумкратниот шампион на Европа нема ништо против да го пушти. Реина има уште една година од договорот со „росонерите“ меѓутоа клубот ќе му излезе во пресрет и ќе му дозволи без оштета да се пресели на „Местаља“.

Во Милан шпансиот голман дојде од Наполи пред две години како слободен агент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…