Дома Фудбал Италија Рагник за неговата визија за Милан: Немаше да се фокусирам на играчи како Кјаер и Ибрахимовиќ

Рагник за неговата визија за Милан: Немаше да се фокусирам на играчи како Кјаер и Ибрахимовиќ

На големо се шпекулираше дека Ралф Рагник ќе биде новиот тренер на Милан, сепак клубот на крајот се предомисли и му даде нова шанса и нов договор на Стефано Пиоли.

Дека преговорите постоеле и дека скоро имале договор потврди Рагник кој сега во интервју за италијансите медиуми ја кажа и визијата која ја имал за Милан.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Конкретна цел ќе беше Лигата на шампионите затоа што никој денес не сака да игра во Лигата на Европа само така ќе можете да привлече квалитетни играчи. Пример на Милан треба да бие Аталанта. Аталанта е тим кој има третина од буџетот на Милан и прави одлична работа затоа што паметно вложува“.

„Исто така сум инспириран од стилот кој го форсира Антонио Конте, станува збор за активен и агресивен стил. Секогаш сум имал идеја фудбал со високо темпо, пресинг и контрола. Сите играчи во нашите академии (Ред Бул) ги учиме на таков стил“.

Рагник и отворено призна дека не сака да смета на играчи како Кјаер и Ибрахимовиќ.

„Не е мој стил да се фокусирам на 38 годишни играчи. Нема смисла да се фокусирам на некои како Кјаер и Ибрахимовиќ. Сепак, тоа е само мое мислење и не значи дека е правилно. Ибрахимовиќ во една прилика кажа дека не ме познава и тоа точно затоа што никогаш не сум го запознал“. Изјави Рагник.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Преставена топката за Мундијалот 2026: Ќе има технологија која ќе им помага на судиите

„Адидас“ ја претстави официјалната топка која ќе биде користена на Светското првенство во …