Роналд Куман го наследи Кике Сетиен на клупата на Барселона. Холандскиот стратег се очекува да направи голема реконструкција на тимот, а медиумите веќе шпекулираат со новите засилувања.
Медиумите тврдат дека првото засилување ќе биде сонародникот на Куман, Дони ван дер Бек. Играчот на Ајакс беше мета на Реал и Јунајтед, но се чини дека тој ќе заврши во Барселона за сума од околу 50 милиони евра.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Куман веќе го убедил својот сонародник да се пресели на „Камп Ноу“ и заедно со Де Јонг и Пјаниќ да го формираат новиот среден ред на Барселона.
Второто име на листата е Мемфис Депај, кој е на излезна врата од Лион и може да пристигне за „само“ 35 милиони евра. Куман одлично го познава својот сонародник и смета дека ќе биде големо засилување за нападот.
Последното име е дефанзивецот на „карамелите“, Михаел Кин, кого Куман го познава од времето кога работеше во Евертон.
Сепак, навивачите не се задоволни од ваквите засилување бидејќи очекуваат големи имиња на „Камп Ноу“.