Дома Кошарка Ново изненадување во плеј-офот: Лејкерси поразени од Портланд ?

Ново изненадување во плеј-офот: Лејкерси поразени од Портланд ?

Тимот на Портланд ги изненади Лејкерси во првиот натпревар од плеј-офот победувајќи ги со резултат 100:93.

Ова е веќе второ поголемо изненадување затоа што вчера порано нешто слично му се случи и на Милвоки кој изгуби од осмопласираниот тим на истокот. Портланд водеше скоро во текот на целиот натпревар и на крајот успеаа да слават.

Многумина помислија дека кога на стартот од последната четвртина Лејкерси направија пресврт и поведоа со 78:84 ќе следи пад на Блејзерси, но тоа не се случи. Лилард, Меколум, Ентони и Трент тогаш почнаа да погодуваат се, па Портланд се врати во водство и запиша триумф.

На Лејкерси не им помогнаа ниту трипл даблот на Леброн (23 поени, 17 скокови и 16 асистенции) и дабл-даблот на Ентони Дејвис од 28 поени и 11 скокови. Во редовите на победничкиот тим најефикасен беше Лилард со 34 поени, Меколум уфрли 21, а Ентони уфрли 11 поени и 10 скокови.

Во вториот натпревар изминатата ноќ Хјусон славеше против Оклахома со 123:108.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Спорот за селекцијата 3х3 прерасна во барање Димевски да замине од МОК

КФМ бара оставка од Даниел Димевски поради спорот околу изборот на репрезентацијата 3х3. Ф…