Дома Топ вести „Бомба“ од Апенините: Милан тргнува по Герет Бејл

„Бомба“ од Апенините: Милан тргнува по Герет Бејл

Герет Бејл не е повеќе во плановите на Зидан и најверојатно ќе го напушти Реал Мадрид, а можно е кариерата да ја продолжи во Серија А.

Медиумите во Италија пренесуваат дека Милан покажува сериозен интерес за Велшанецот и започнал преговори со неговиот агент.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


„Росонерите“ му нудат 3-годишен договор тежок 10 милиони евра по сезона плус бонуси и ќе се обидат да го убедат да се пресели на „Сан Сиро“.

Наскоро се очекува Милан да стапи во контакт со Реал Мадрид и ќе се обиде да договори позајмица до истекот на договорот или да го добие Бејл без обештетување.

Двата клуба може да најдат заеднички јазик бидејќи „кралевите“ сакаат да се ослободат од високата плата на Бејл и се спремни да го пуштат на позајмица или за симболична сума.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…