Дома Македонски спорт Мак фудбал Силекс после 22 години игра квалификации за ЛШ: Тука сме да го исполниме сонот!

Силекс после 22 години игра квалификации за ЛШ: Тука сме да го исполниме сонот!

Кратовски Силекс денес после 22 години повторно ќе биде претставник на Македонија во квалификациите за Лигата на шампионите.

Противникот на Силекс е тежок и ретко кој верува дека можат да го изненадат Карабах. Сепак, во пресрет на денешниот натпревар од Карабах се претпазливи и порачаа дека во ниту еден момент не смеат да го потценат македонскиот тим.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Единствената предност на Силекс во овој момент можеби е тоа што се во натпреварувачка форма за разлика од Карабах. Но, се друго е на страна на Карабах – буџет, квалитет, искуство…

Изјавата на тренерот на Силекс Горан Симов, пред натпреварот:

„Карабах е силен тим, кој што има неколку репрезентативци. Дојдовме тука за исполнување на сонот. Не размислуваме за пари. Дојдовме да го исполниме сонот. Пред извесно време размислувавме за опстанок, а сега играме во ЛШ. Резултатот може да биде 0:0, 0:5 или 0:7, нема разлика. Важно е да ја доживееме емоцијата на ЛШ“.

Но, сме виделе чуда во фудбалот, кој веруваше и дека Вардар пред три години ќе елиминира гигант како Фенербахче. Затоа навиваме и чекаме чудо!

Натпреварот се игра со почеток во 18:00 часот.

Според најдобрата онлајн обложувалница Bet365, коефициентот за победа на Карабах е 1.22, за реми 5.25, додека победата на Силекс во оваа обложувалница се плаќа со квота 19.00.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Барселона го најде наследникот на Левандовски

Барселона сака да ангажира талентиран фудбалер во нападот, а изборот паднал на фантас…