Искусниот англиски голман Џо Харт денес и официјално е претставен како нов член на Тотенхем.
Овој 33 годишен клуб остана без клуб на крајот на минатата сезона откако му истече договорот со Барнли. Сепак, Харт не бараше долго нов клуб и на изненадување на многумина потпиша за Тотенхем.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тотенхем денес официјално потврди дека Харт е нивни нов играч и дека потпишал договор на две години. Се очекува тој да биде резервна опција кај Жозе Мурињо со оглед дека Хуго Лорис долго време прв избор помеѓу стативите.
Welcome to Spurs, Joe Hart! ?#THFC ⚪️ #COYS pic.twitter.com/GAFCevjvg6
— Tottenham Hotspur (@SpursOfficial) August 18, 2020