Фудбалерите на Ливерпул во овој момент се наоѓаат во Австрија на припремите за новата сезона.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Црвените“ првиот дел од припремите ќе го одработат во Австрија и таму ги очекуваат неколку пријателски натпревари. Шампионот на Англија е сместен во Салделден во близина на Салзбург.
Меѓутоа во таборот на Ливерпул се вклучил аларамот и тоа на 11 дена пред натпреварот од Комјунити Шилд против Арсенал. Имено, „Дејли Мејл“ пренесува дека членовите на тимот се тестирале вчера и дека имале еден позитивен случај.
Се уште не се знае за кого станува збор и се очекува клубот наскоро да се огласи. Екипата продолжила со нормални тренинзи, па затоа се верува дека не е во прашање некој од првиот тим.
До натпреварот против Арсенал остануваат уште 11 дена, па се случи цел тим на Ливерпул да оди во изолација тоа би пореметило многу работи. Како и да е повеќе ќе биде познато кога ќе се огласи Ливерпул.