Дома Македонски спорт Мак ракомет Карачиќ: Имаше разговори со Вардар

Карачиќ: Имаше разговори со Вардар

Во претходниот период постоеа шпекулации дека Игор Карачиќ може да се врати во Вардар поради финансиските проблеми на Кјелце, сепак работите во Кјелце полека се средија, па можноста Карачиќ да се врати пропадна.

Дека навистина постоеле такви разговори потврди и самиот Карачиќ.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


„Не е тајна дека го сакам Вардар и Македонија. Разговори овој период постоеа, но Вардар не испрати конкретна понуда. Интересот ми годеше затоа што Вардар е голем клуб и европски клуб. Сепак, имам договор со Кјелце и условите се подобри. Затоа во овој момент освен разговорите, нешто сериозно не се случуваше“, изјави Карачиќ.

Ќе потсетиме Карачиќ го напушти Вардар после седум години поминати во клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Вардар го совлада Охрид за „три од три“ во плејофот на Суперлигата

Ракометарите на Вардар забележаа значајна победа против тимот на Охрид во рамките на плејо…