Дома Трансфер зона Јувентус и Барселона спремаат нова размена?

Јувентус и Барселона спремаат нова размена?

Јувентус и Барселона ова лето успешно соработуваа околу размената на Миралем Пјаниќ и Артур Мело.

Пјаниќ одлучи кариерата да ја продолжи во дресот на Каталонците додека во спротивен правец тргна Артур. Овој трансфер беше официјализиран пред неколку недели.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Сега италијанските медиуми пишуваат Јувентус и Барселона повторно би можеле да сорабтоуваат. Наводно можна е нова размена.

„Калчомеркато“ објави дека Јувентус е спремен да го испрати Паоло Дибала во Барселона за во замена да го добие Антоан Гризман во кого гледаат одличен избор за позицијата напаѓач.

Гризман пред една година од Атлетико Мадрид премина во Барселона за 120 милиони евра, но не воодушеви баш. Според информациите Барса го ставила на трансфер листата и Јувентус тоа би можел да го искористи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Погба доби намалување на казната, но Јувентус не го сака: Французинот има две опции

Французинот Пол Погба во текот на вчерашниот ден доби одлична вест бидејќи суспензијата му…