Пред три години во Скопје, Давид Тошевски го гледаше Зенит во натпреварот против Вардар, а вечерва доби прилика да игра против рускиот шампион.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Младиот голгетер кој неодамна направи трансфер во Ростов дебитираше за новиот тим во средбата против Зенит. Тошевски во овој тежок натпревар за Ростов ги одигра последните 10-тина минути од натпреварот.
Тошевски за краткиот период кој го помина на теренот не влезе во гол шанса, додека Зенит славеше победа од 0:2.
Ќе видиме како ќе игра Тошевски во наредниот период и колку минутажа ќе добива од тренерот Карпин.