Пред неколу дена се поајвија шпекулации дека македонскиот фудбалер Елиф Елмас би можел да се пресели во тимот на Галатасарај на позајмица, меѓутоа од тоа изгледа нема да има ништо.
Менаџерот на Елмас, Џорџо Гарди го потврди она што се најавува веќе некое време, Елмас ќе потпише нов договор со Наполи.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Елиф имаше добра година и позитивно се прилагоди. На никого не му е лесно кога ќе дојде во Италија, посебно во клуб каков што е Наполи. Тој одлично се сложува со сите во клубот. И претходно со Анчелоти и сега со Гатузо има одличен однос. Среќен е и чувствува дека тренерот има доверба во него. Во претходните денови имаше преговори за нов договор и играчот и клубот имаат иста желба, убеден сум дека наскоро неговиот договор ќе биде продолжен“, изјави менаџерот на македонскиот фудбалер.