Дома Топ вести Официјално: Вилијан е нов играч на Арсенал

Официјално: Вилијан е нов играч на Арсенал

Oд поодамна беше познато, а денес добивме и официјална потврда – Вилијан е нов играч на Арсенал.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


32 годишниот бразилски крилен напаѓач го напушти Челзи после седум години и кариерата ќе ја продолжи во градскиот ривал од „Емирати“.

Вилијан претходно се договори со „топџиите“ и во клубот пристигнува како слободен играч. Арсенал денес овој трансфер и официјално го потврди.

„Верувам дека е играч кој може да направи разлика. Го следевме во последните неколку месеци, имавме јасна намера со офанзивецот и крилниот играч, тој е играч кој нуди повеќе опции. Има големо искуство и амбиција да придонесе овој клуб да го одведе онаму каде што припаѓа. Навистима бев импресиониран од разговорот кој го имав со него“, изјави Артета.

Вилијан потпиша договор на три години и ќе го носи дресот со број 12. Тој број некогаш го носеше Тиери Анри, а подоцна Оливие Жиру.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…