Белгискиот дефанзивец Јан Вертонген пронајде нов клуб. Искусниот стопер кариерата ќе ја продолжи во дресот на Бенфика.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Медиумите пишуваат дека клубот од Лисабон ќе потпише тригодишен договор со Вертонген, кој доаѓа на медицински прегледи.
Вертонген е без клуб, откако неодамна се раздели со Тотенхем со кој не можеше да се договори за нова соработка.
Освен за Тотенхем, Вертонген играше и за Ајакс, а токму клубот од Холандија беше еден од опциите за продолжување на неговата кариера.