Дома Фудбал Останато Претставниците на Реал и Јунајтед, Бутрагењо и Саха, во Скопје го најавија Суперкупот

Претставниците на Реал и Јунајтед, Бутрагењо и Саха, во Скопје го најавија Суперкупот

Емилио Бутрагењео и Луј Саха како репрезенти на Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед,  вчера во Скопје, во друштво на генералниот секретар на ФФМ Филип Поповски и портпаролот Златко Андоновски, одржаа прес конференција со која го најавија натпреварот во Суперкупот кој ќе се одигра на 8.август.

Емилио Бутрагењо е фудбалска легенда на Реал и Шпанија, во моментов е директор во „кралскиот клуб“, додека Луј Саха е еден од генерацијата на Манчестер Јунајтед која во сезоната 2007/2008 ја освои титулата во Лигата на шампионите.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во своите обраќања пред новинарите двајцата истакнаа очекуваат спектакл на 8.август потенцирајќи дека и Реал и Јунајтед сакаат да го освојат трофејот.

„Благодарам за гостопримството. Тука сме од вчера и веќе имавме можност да ја потенцираме добрината на Македонија. Драго ми е што тука ќе се одржи овој мега дуел, бидејќи ќе се сретнат најдобрите екипи во светот. Ние од Реал сме многу среќни што по толку години успеавме во една сезона да ја освоиме Ла Лига и Лигата на шампионите. Имаме добар тим, но знам дека Јунајтед ќе биде тежок противник. Секако дека сакаме да го освоиме трофејот во Суперкупот“, рече Бутрагењо.

„Благодарам што имам можност да зборувам во името на Манчестер Јунајтед. Задоволство и престиж е да се игра против Реал, а уште поголемо задоволство е што Кристијано Роналдо ќе настапи против својот Јунајтед. Реал е фаворит, ја одбрани титулата во Лигата на шампионите, но и Манчестер Јунајтед има шанса да приреди нешто специјално“, рече Саха, а потоа проговори и за деновите кога беше соиграч со најдобриот играч во светот Кристијано Роналдо.

„Бев свесен за неговиот талент и потенцијал, но сепак но некогаш не е доволно една недела тренинг за да оцениш некого каков играч е. Тоа се проценува на натпреварите кога постигнува голови, или кога не игра добро. Се сеќавам кога разговарав со Тијери Анри дека тој рече за него дека е посебен. Сега кога ќе размислам , јас не сум изненаден од неговите постигнувања, тој работи напорно, кај него не е се до талентот“, дополни Саха.

Инаку на прес конференцијата емотивна средба имаше Бутрагењо со својот поранешен тренер Кирил Дојчиновски.

„Кога во 1995 година го напуштив Реал играв во Мексико, во Челаја, а мој тренер беше Дојчиновски со кого имам многу убави спомени. За мене овој момент е многу емотивен. Ви благодарам што дојдовте“, му се обрати Бутрагењо на Дојчиновски.

На крајот на прес конференцијата генералниот секретар на ФФМ, Поповски, на Бутрагењо и Саха им подари по еден дрес на македонската репрезентација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Малку недостасувало за трагедија: Бендтнер нападнат со нож на улица во Њујорк! 🎥

Поранешниот дански фудбалер Никлас Бендтнер бил нападнат со нож на улиците во Њујорк. Инци…