Дома Трансфер зона Јувентус му понудил размена на Арсенал?

Јувентус му понудил размена на Арсенал?

Toрински Јувентус наводно му понудил размена на Арсенал за Александар Лаказет.

Јувентус е заинтересиран да го доведе Лаказет. Самиот фудбалер според информациите сака трансфер и договорот со него нема да биде проблем ако Јувентус пронајде заеднички јазик со Арсенал.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Преговорите веќе започнаа и во игра за размена се неколку имиња. Јувентус наводно понудил еден од Даниеле Ругани и Кристијан Ромеро плус пари во замена за Лаказет.

Меѓутоа можно е уште некој играч да биде вклучен во зделката. Пред се тука се споменуваат Даглас Коста, Федерико Бернардески и Игуаин. Преговорите ќе бидат продолжени во наредниот период, па останува да се види дали двата клуба ќе постигнат договор.

Французинот во претходните три години во дресот на Арсенал постигна 48 голови на 127 настапи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал фаворит за потписот на Шешко

Арсенал сака да ангажира талентиран фудбалер во нападот, а изборот паднал на фантастичниот…