Јувентус и Арсенал се во преговори за размена на играчи – Александре Лаказет и Даглас Коста.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Француските медиуми пренесуваат дека Јувентус е заинтересиран за напаѓачот на Арсенал, а Топџиите во исто време се подготвени да го продадат.
Јуве е спремен да го понуди на Арсенал Даглас Коста, кој веќе некое време фигурира како еден од оние за кои Старата дама ќе слуша понуди.
Арсенал наводно за Лаказет бара 35 милиони евра, а тука некаде е вредноста и на Коста, па нема да биде чудо ако се случи слична трампа како Пјаниќ – Артур.