Како што е веќе познато завршницата во Лигата на шампионите ќе се игра во Лисабон, а оваа недела на распоред се натпреварите од четвртфиналето.
Веројатно најголемото дерби во четвртфиналето се игра во петок кога ќе се сретнат Барселона и Баерн кои во претходните години знаеле да одиграат спектакуларни натпревари во најелитното европско натпреварување.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Многумина сметаат дека Баерн е во подобра форма оваа сезона и дека се фаворити во овој дуел. Сепак, јасно е дека Барселона никогаш не смее да се отпише.
Лотар Матеус верува дека Баерн има поголеми шанси и затоа што според него Роберт Левандовски во овој момент е најдобриот играч во светот.
„Меси ќе игра против најдобриот во светот, а тоа е Роберт Левандовски. Тој не е само најдобар напаѓач туку општо најдобар играч во светот што значи дека е подобар и од Меси затоа Барса не ме плаши“.
„Барселона која денес ја гледаме не е тимот од пред неколку години. Секако тие го имаат Меси кој секогаш може да направи нешто специјално, но верувам дека Баерн ќе победи во овој натпревар“, изјави Матеус.