Дома Фудбал Германија одлучи: До октомври нема навивачи на стадионите

Германија одлучи: До октомври нема навивачи на стадионите

Германските здравствени власти денеска донесоа одлука за продолжување на забраната за навивачи на фудбалските стадиони најмалку до крајот на октомври поради ширењето на вирусот корона.

Бундеслигата продолжи со натпреварите меѓу првите после прекинот во март. Германците продолжија од средината на мај, па имаше најави дека навивачи на стадионите ќе има со почетокот на новата сезона.

Меѓутоа, одлучено е дека здравјето е најважно, па е продолжена забраната за навивачи до октомври.

„Неопходно е да останеме внимателни. Моментално, навивачи на стадионот би биле грешка.“ – изјави германскиот министер за здравство.

За жал, се чини дека ниту во останатите европски лиги нема да има публика оваа есен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул следи дефанзивец споредуван со Варан, но Ленс има силен адут

Исмаело Ганиу е меѓу дефанзивните опции што ги разгледува Ливерпул. Младиот фудбалер има д…