Дома Фудбал Англија Ливерпул го претстави првото засилување за ова лето!

Ливерпул го претстави првото засилување за ова лето!

Ливерпул вечерва објави дека нов играч на клубот е левиот бек од Олимпијакос, Костас Цимикас.

25-годишниот грчки интернационалец му се приклучи на новиот шампион во Премиер лигата откако денеска потпиша договор на Мелвуд.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Цимикас за атинскиот клуб дебитираше во декември 2015. година и од тогаш запиша 86 настапи за сениорската екипа во сите натпреварувања.

„Многу сум среќен, горд сум што сум овде. За мене ова е најголемиот клуб на светот. Чест ми е да бидам овде и ќе дадам се од себе.“ – изјави Цимикас за официјалната страна на Ливерпул.

Тој претходно играше како позајмен играч во Есбјерг и Вилем. Во октомври 2018. година дебитираше за Грција, а на Енфилд ќе го носи дресот со број 21.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Важна измена во европските клупски турнири

Дебитната сезона на Лигата на шампиони, Лига Европа и Лига на конференции во нивните нови …