Oна што беше јасно од пред некое време денес доби само официјална потврда.
Вардар денес и официјално се збогуваше со својот најдобар фудбалер за минатата сезона Даниел Авромовски. Аврамовски беше најдобар стрелец во првата лига со 10 гола и лидер на црвно-црните до прекинот на првенството поради корона-кризата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Иако имаше договор со црвено-црните тој си заминува поради финансиската криза која го зафати најтрофејниот македонски клуб.
“Оваа сезона беше последна во дресот на Вардар и за Даниел Аврамовски, кој дојде во Вардар во зимскиот преоден рок 2019 година од екипата на Олимпија.
Во „црвено-црниот“ дрес одигра вкупно 41 натпревар со постигнати 12 голови.
Фудбалскиот клуб Вардар на Даниел, кој беше интегрален дел од минатогодишната шампионска титула му се заблагодарува на досегашната соработка и му посакува многу успех во понатамошната кариера.
Благодариме Цујо!“, стои во објавата на Вардар на социјалните мрежи.