Дома Трансфер зона Геце избрал изненадувачки клуб за продолжување на кариерата?

Геце избрал изненадувачки клуб за продолжување на кариерата?

Германскиот фудбалер Марио Геце остана без клуб откако му истече договорот со Борусија Дортмунд.

Геце претходните четири години ги помина во Дортмунд каде што се врати од Баерн. Меѓутоа во претходните сезони не беше на нивото, но треба да се спомене и дека не беше во прв план кај тренерот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во овој момент тој е слободен агент откако му истече договорот, меѓутоа понуди секако има.

Германските медиуми пишуваат дека Геце е блиску да ја продолжи кариерата во Турција и тоа во дресот на Галатасарај. Наводно, преговорите се веќе во тек и останува уште да се договорат околу висината на платата.

Геце би требало да заработува околу 2.5 милиони евра и да потпише договор на три години. Тој би бил второ засилување за Галата откако за овој клуб пред неколку дена потпиша Арда Туран.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Позната главната трансфер цел на Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезон…