Дома Фудбал Англија Ливерпул направи изненадувачки трансфер

Ливерпул направи изненадувачки трансфер

Англискиот шампион Ливерпул се договори со грчки Олимпијакос за трансфер на левиот бек Костас Цимикас.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Олимпијакос ја прифати понудата од 12 милиони фунти за 24-годишниот дефанзивец и овој фудбалер во следниот период ќе го носи дресот на Црвените.

Официјална потврда на трансферот се очекува многу брзо. Фудбалерот утре ќе отпатува во Англија, каде ќе ги помине лекарските прегледи и ќе потпише договор со англискиот шампион.

Цимикас е член на Олимпијакос од 2014. година. Беше на позајмици во Есбјерг и Вилем, а сигурно интересот и трансферот во Ливерпул го изненади и самиот играч.

За репрезентацијата на Грција овој фудбалер одигра три натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Кошмар за Бразил! Рафиња може да пропушти до крајот на Светското првенство

Работите со резултатите почнаа да се подобруваат за Бразил по победата од 3:0 против Хаити…