Дома Останати Авто Мото Во феноменална трка Ферстапен победи на Силверстоун!

Во феноменална трка Ферстапен победи на Силверстоун!

Холанѓанецот Макс Ферстапен победи на денешната трка на Силверстоун.

Младиот возач на Ред Бул извозе феноменална трка и успеа да го победи моќниот Мерцедес. Иако вчера заврши дури четврти во квалификациите денес возеше одлично. Успеа брзо да дојде до втората позиција зад Ботас, а подоцна и го престигна.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во текот на целата трка актуелниот шампион Луис Хамилтон се мачеше и на препознатливото ниво се врати во последните кругови меѓутоа дојде само до втората позиција.

Одлучувачки момент на трката веројатно беше кога Ферстапен излезе од боксот зад Ботас, но после неколку кривини го помина и до крајот ја задржа лидерската позиција.

Во Ферари еден беше солиден, а другиот целосно потфрли. Чарлс Леклер заврши четврти, додека Себастијан Фетел беше 13-ти.

На вкупниот поредок на возачите Ферстапен се искачи на втората позиција зад Хамилтон додека Ботас падна на третата позиција.

Наредната трка во Формула 1 се вози на 16. август во Шпанија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Андре Виљаш-Боаш стана претседател – симна од тронот човек кој владееше 42 години!

Екипата на Порто во саботата доцна навечер доби нов претседател и тоа ќе биде Андре Вилаш …