Дома Фудбал Сетиен: Не знам дали ќе победиме ама ова нема да биде мој последен натпревар во Барселона

Сетиен: Не знам дали ќе победиме ама ова нема да биде мој последен натпревар во Барселона

Барселона падна во криза и остана без титулата во Шпанија, но прашање е дали има доволно сила да дојде до најпосакуваниот трофеј во европскиот клупски фудбал.

Лигата на шампионите ќе продолжи вечерва, а Барселона утре вечер го игра својот натпревар со Наполи во осминафиналето. Првиот натпревар помеѓу овие два тима заврши без победник 1:1 и на Барса нема да и биде едноставно да избори четвртфинале пред празниот „Ноу Камп“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот Кике Сетиен на денешната прес-конференција зборуваше за натпреварот со Наполи и порача дека според него тоа нема да биде негов последен натпревар на клупата на Барселона.

„Не знам дали ќе победиме, но ова нема да биде мој последен натпревар на клупата на Барселона. Во ниту еден момент не помислив така. Смирен сум со идеја да играме со иста енергија и ентузијазам за патот до финалето во Португалија“, изјави Сетиен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Спектакл на повидок: Мбапе против Болт на 100 метри!

Килијан Мбапе преку изјава во француските медиуми изјави дека е подготвен да го прифати пр…