Иако Зидан сака поинаку да го претстави односот помеѓу него и Герет Бејл јасно е дека тој е далеку од идеален, некои би кажале и далеку од нормален однос на играч-тренер.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Новиот повод за да се пишува на оваа тема е изоставувањето на Бејл за реванш натпреварот од осминафиналето кој Реал ќе го игра на гости против Манчестер Сити.
„Многу се пишува за тоа, ние имаме однос на взаемно почитување. Имавме приватен разговор, но она што можам да ви го кажам е дека него не му се игра во натпреварот против Сити. Останатото е помеѓу мене и него“, изјави Зидан.
Тешко дека после овие зборови некој ќе мисли дека е се нормално и дека навистина има почитување. Посебно ако се знае дека Зидан по секоја цена сака да го продаде Бејл.