Дома Македонски спорт Ништо од големиот трансфер: Младеновски не ја поминал пробата во Динамо Киев

Ништо од големиот трансфер: Младеновски не ја поминал пробата во Динамо Киев

Mладиот македонски фудбалер Марио Младеновски не ја поминал пробата во Динамо Киев објавија медиумите во оваа земја.

„Динамо манија“ страна која важи за блиска до украинскиот гигант пред десетина прва објави за доаѓањето на Младеновски на проба во клубот, а сега тврдат дека македонскиот фудбалер не ги задоволил апетите на луѓето во клубот.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Младеновски одигра неколку пријателски натпревари за младинскиот тим на Динамо до 21 година и таму не се покажал онака како што очекувале во Динамо.

Динамо така сигурно нема да потпише договор со Младеновски, па тој ќе бара нов клуб.

Ќе потсетиме, тој беше еден од првите кои го напуштија Вардар поради финансиската криза. Дали сега би можел да се врати во Вардар е прашање, иако јасно е дека во ситуација каква што сега е Вардар неговото враќање би било од помош.

Треба да се спомене дека проба на Младеновски во Динамо му обезбеди поранешниот македонски фудбалер и Горан Попов кој е негов менаџер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…