Репрезентацијата на Македонија можно е новата сезона во Лигата на Нации да ја започне на неутрален терен.
Второто издание во Лигата на Нации Македонија треба да го започне против Ерменија на 5. септември, а три дена подоцна треба да гостуваме кај Грузија. Поради пандемијата со коронавирусот можно е овие натпревари да се играат на неутрален терен.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Заради ограничувањата од патувања и мерките за карантин при влез во одредени држави опција е Македонија да биде домаќин на неутрален терен.
За нас уште постои забрана за влез во земјите од Европската унија, а и враќањето во земјата не е така едноставно.
Последниот официјален натпревар Македонија го играше во ноември минатата година кога го победивме Израел во Скопје.