Чилеанскиот фудбалер Алексис Санчез (31) од денес и официјално е нов член на Интер.
Манчестер Јунајтед и Интер денес го потврдија трансферот на искусниот напаѓач кој минатата сезона како позајмен играч дојде во тимот од „Џузепе Меаца“.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
За разлика од Јунајтед каде што ништо не покажа, Алексис во Интер прикажа подобри настапи и постигна четири гола на 29 натпревари.
Јунајтед го пушти Санчез во Интер без оштета после раскинувањето на договор само за да се ослободи од неговата огромна плата. Договорот помеѓу Интер и Санчез ќе има важност до 2023 година и тој ќе заработува околу седум милиони евра.
? | ANNOUNCEMENT@Alexis_Sanchez has joined Inter on a free transfer ?https://t.co/2IbrSjiogi
— Inter (@Inter_en) August 6, 2020